Модниот стил на обвинителката Ленче Ристоска: Привлекува внимание со тивок шарм на самосвесна жена

Зошто мора да се потенцира нејзината функција? Затоа што нејзината младост, едноставност и спонтаност мора да добијат на тежина со нејзината општествена задача. Седи во седмиот, осмиот ред на Кино Култура, без шминка, со мохер џемпер, лесно префрлен преку рамениците, тивка и со онаа насмевка што покажува добра девојка. Прво што ви паѓа напамет кога ја гледате е тоа: добра девојка.

И ако била амбициозна, интелигенцијата не ѝ дозволува да го потенцира тоа, туку ја игра својата улога на ѕвезда спротивно на очекувањата. Неоптоварена, без што било да прави, привлекува внимание со тивок шарм на самосвесна жена. Не носи накит, косата ѝ е едноставно пуштена преку лицето, нема шминка, па изгледа уште помлада. Седи опуштено во столчето една фина, нормална, шармантна жена. Не мари за дрес-кодот во оваа пригода. Тој може да се посматра како прв чекор кон репресија, но таа го избира како последна шанса да покаже колку е слободна. Униформата што би ја вовлекла во почитување на формите е рамка на која ја гради својата оригиналност и специфична тежина.

Истовремено, позира без двоумење за селфи во редот. И потоа повторно се олабавува во седиштето како ништо да не било. Лицето добива на убавина со насмевката што го менува изразот.

Во многу организации, неформалноста е заслужен статус. Флексибилноста е нешто што мора да постои во рамките на едно општество. Таму каде што парите ја водат играта, правилата се стриктни, таму каде што креативноста зема замав и правилата се олабавуваат.

Што повеќе може да бара отколку облеката да ја храбри да биде посамоуверена, што и да пропишува дрес-кодот, пет сантиметри под или над колената.

Има среќа. Таа е од оние девојки што сите ги сакаат. И со и без функцијата.

О.Д.