Мицковски: Власта денес прави атак врз демократијата и волјата на граѓаните

by Фокус

Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во пресрет на седницата на која парламентарното мнозинство треба да го усвои законот за јазиците.

„Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот. Ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не. ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио, со чист разум, затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Мицковски истакна дека денес бил на координација со пратеничката група на ДПМНЕ, но не на средба со Талат Џафери и Зоран Заев.

Поврзани новости