Мицкоски: Заев со изјавата дека прифаќа географска одредница ги загрози преговарачките позиции

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на телевизија 24 изјави дека јавно искажаниот став на Зоран Заев каде што вели дека за македонската влада е прифатливо име со географска одредница директно и се наштетува на преговарачките позиции на Македонија.

-Географска одредница, сега е почетна преговарачка позиција на македонската влада,а компромисот во секој договор мора да се најде на средина што значи Македонија веќе има нарушена преговарачка позиција, а за двете страни да дојдат до договор, Македонија ќе мора да се прифатат максималистичките барања на грчката страна, рече Мицкоски.

Поврзани новости