Мицкоски повикува да се избегнат лоши сценарија утре во Собранието

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, повика на разум кај пратениците од парламентарното мнозинство во очи на утрешната седница на која се очекува гласање за Законот за употреба на јазиците. Мицковски вели пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница и дека ќе бараат расправа по амандманите.

Тој неколку пати повика на разум и избегнување на, како што рече, лоши сценарија и избегнување на опцијата за парламентарен терор на мнозинството врз малцинството.

– Повикувам уште еднаш за разум. Повикувам уште еднаш за почитување на Деловникот, почитување на законите, бидејќи ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка, додаде Мицкоски.

На дополнително новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била благовремено информирана.

Поврзани новости