Министрите смеат да трошат до 30.000 денари месечно

by fokus

Месечниот трошок на министрите во владата на Зоран Заев им е со ограничување до 30.000 денари, велат од Владата. Прашањето се актуелизира откако во Собранието почна дебата за намалување на патните трошоци на пратениците, по што Џевет Адеми од ДУИ, најави амандмани со кои ќе предложи укинување на патните трошоци на сите функционери.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека министрите месечно не смеат да прават поголем трошок од дозволениот, а за трошоците што ги направиле се обврзани да достават информации до Владата.

-Владата донесе заклучок сите министри да достават информации за нивните трошоци до 15-ти јануари. Можам да ви кажам дека сите се доставени и во моментов ги обработување. Овие информации ќе бидат презентирани на посебна прес конференција. Сакам да напоменам дека сите трошења кои ги прави Владата од буџетот не можат ни да се споредат со трошењата кои ги правеле членовите на претходната Влада – рече Бошњаковски.

Поврзани новости