635
Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари преку мобилните апликации viber и whatsapp.
Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба, или пак за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.
– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство. Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку viber и whatsapp, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349999 – истакна министерот.