Маж и жена пронајдени застрелани во куќа во Кочани

by fokus

Две безживотни тела вчера биле пронајдени во приземје од куќа во Кочани. Телата ги пронашол С.М. (28), потстанар во куќата.

Според првичните информации, се работи за машко лице со иницијали С.Г., 42-годишен жител на Скопје, и женско лице со иницијали Ј.П., 25-годишна жителка Пробиштип, која исто така била потстанар во куќата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кочани. Од страна на лекар од Медицински центар Штип биле забележани прострелни рани во пределот на главите на починатите.

Покрај телата била пронајдена автоматска пушка марка „црвена застава“ и неколку чаури од куршуми, кои заедно со другите пронајдени предмети, се подигнати и ќе бидат доставени за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител, телата се пренесени во Медицински центар Кочани каде ќе биде извршена обдукција.

 

Поврзани новости