Маријан Ефремов, првообвинет во случајот „Шпион“ пред еден месец излегол од затворот „Идризово“, каде што издржуваше 10,6 годишна казна. Според информации на „Фокус“, Ефремов добил прекин на казната заради лекување.
Информацијата ни ја потврди и директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ, појаснувајќи дека Ефремов барал прекин за да изврши медицинска интервенција. Тој додаде дека Управата дозволува прекин на казната за лекување во рок од 30 дена, а потоа дали ќе се продолжи одлучува судот.
Здравствената состојба на Ефремов беше нарушена уште во текот на судскиот процес „Шпион“, поради што во неколку наврати се лекуваше на скопските клиники.
Денеска Ефремов не се појави во Кривичниот суд, каде што требаше да се оддржи повторено судење за случајот „Шпион“, но само за шестмина од обвинетите, бидејќи Апелација одлучи од почеток да им се суди за едно кривично дело. За останатите кривични дела веќе имаат правосилни казни. Во целост, случајот, ќе се повтори само за обвинетиот Ѓoрги Хaџи Мицев.
Судијата Ѓоко Ристов на денешното рочиште консатираше дека Ефремов не добил уредна покана, поради што го одложи судењето за 23 јануари 2018 година. На повтореното судење застапник на обвинението е СЈО, бидејќи тие, додека случајот беше пред Апелација, ја добија надлежноста врз овој предмет. Но наместо повторување на случајот, или укинување на казните, како што очекуваа обвинетите, од СЈО побараа само нивно намалување.
Поточно, Апелациониот суд пред неколку месеци им ги намали казните на обвинетите во овој случај, а само за случајот го врати од почеток, уважувајќи ја неговата жалба.
За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.
Фотографија- Академик
В.В.