Макпетрол: Кривичната е тенденциозна зашто УЈП треба да ни врати пари

by Фокус

Компанијата Макпетрол реагираше на поднесената кривична пријава против нејзиното раководство, за која вели дека е тенденциозна, а случајот бил чист и никој од акционерите не е оштетен.

-Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконскко оданочување, велат од Макпетрол.

МВР денеска поднесе пријава против А.Ј. (63) кој се јавува во својство на претседател на Управен одбор во Мактерол. Тој е првоосомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, а поднесени се кривични пријави уште против дваесет лица.

Поврзани новости