Македонци од Австралија бараат Бугарија да ни исплати репарација за фашистичката окупација

by fokus

Претставници на македонски организации во Социјалниот клуб на Престон Македонија испратија резолуција до Владата во која бараат безусловно да се отфрли намерата на премиерот Зоран Заев да започне прослава на заедничка историја со Бугарија, прослава на Илинденското востание, промена на учебниците по историја и потпишување договор каде што нема да стои името на македонскиот јазик, туку ќе стои уставниот јазик на Р. Македонија.

Резолуцијата е испратена и до претседателот Ѓорге Иванов, до Собранието, до МАНУ, ИНИ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, до МПЦ-ОА и до политичките партии на Македонија.

-Второ, Бугарија да ги признае македонскиот народ и македонскиот јазик на Република Македонија и да ги признае етничките Македонци од Пиринска Македонија во Бугарија. Трето, прифаќаме заедничко одбележување на востанието на македонскиот народ од 11 октомври 1941 година против бугарскиот фашизам и заедничка прослава за 2 Август 1944 година, денот на создавањето на Република Македонија. Заедничко чествување и полагање венци во Пелинце (Прохор Пчињски), Ваташа или пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, притоа премиерот на Бугарија да се обрати до македонскиот народ со почит и достоинство. Бараме Бугарија да ѝ се извини на Република Македонија за нанесените материјални штети и човечки злосторства за време на фашистичката окупација и да ѝ исплати отштета (репарација) од 1941 до 1944 година, се вели во соопштението.

Македонците од Мелбурн ја осудија трилатералната средба на Грција, Србија и Бугарија и бараат да се прекинат разговорите/преговорите со Грција за името на Македонија и итно да се испрати барање од Владата на Македонија и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов до ОН за анулирање на привременото и нелегално име ПЈРМ и да се продолжи членството на Република Македонија под уставното име.

Поврзани новости