Лукаревска: Некои функционери не доставиле анкетен лист и не пријавиле промена на имот

by Фокус

Во моментов, во Управата за јавни приходи се води 21 активен предмет за функционери и службени лица согласно Законот за спречување на корупција, добивме 5 нови барања од Државната комисија за спречување на корупција, а самостојно инициравме постапки за уште 17 случаи, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во интервју за Нова ТВ.

Последните податоци покажуваат дека не сите функционери пријавиле промена на имот и не доставиле Анкетен лист. По престанокот или промената на функцијата, во рок од 30 дена, секој треба да поднесе Анкетен лист и да ја пријави промената на имотот. Ова важи и за сите новоназначени функионери. Нашата анализа покажува дека функционерите некако забораваат на оваа обврска, иако како вршители на јавна функција тоа е првата обврска која треба да си ја завршат – вели Лукаревска.

За жал, истакнува таа, сведоци сме дека некои функционери живееле удобен живот и тоа со државни пари.

Поврзани новости