Кривичната пријава против скопската фабрика „Макстил“ за загадување на животната средина и природата и за загрозување на животната средина со отпадни материи, поднела денеска партијата на Лиле Поповска.
ДОМ информираше дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе и кривична пријава против „Југохром“ во Основното јавно обвинителство – Тетово.
Партијата викендов ги најави кривичните кога објасни дека законот за животна средина е донесен во 2005, а металуршкиот сектор имаше обврска да подготви оперативни планови за еколошко прилагодување до крајот на 2006.
„Во секој оперативен план беа наведени предлог-мерките за отстранување на одредени еколошки проблеми со рок и со цена на чинење. Краен рок за реализација на активностите од оперативниот план беше 1 април годинава, кога загадувачите требаше да бидат еколошки прилагодени . За жал, „Макстил“ и „Југохром“ не го испочитуваа законот и не ги отпочнаа навреме набавките на потребната опрема, па продолжија да загадуваат со несмалено темпо, не обрнувајќи внимание на поплаките на јавноста и на укажувањата и на казните од институциите“, соопштија викендов од ДОМ минатиот.
Тогаш од партијата инфомираат дека ги чекале резултатите од последните мерења на квалитетот на воздухот, за да ги приложи како доказ, но со оглед на тоа што сѐ уште не се познати, за доказ ќе ги приложат резултатите од претходните мерења каде има драматични пикови за надминување на дозволената граница.
Група граѓани кои се организирале преку Фејсбук за денеска во 17 часот најавија протест за загадувањето од фабриките во скопска Железара.