Кривична пријава за вмровецот што се обиде да силува сопартијка

Секторот за внатрешни работи во Охрид поднесе поднесе кривична пријава против Ф.П.М. (20) од с.Требеништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување”.

Пријавениот на 07.10.2017 година околу 18.40 часот во с.Требеништа во штаб на политичка партија ја соборил на земја К.П.(30). Но, после нејзините молби да ја пушти, пријавениот во еден момент застанал и почнал да и се извинува, ја отклучил вратата, и оштетената успеала да избега.