Коѕијас: Продолжувам со мирна совест да преговарам за доброто на татковината

by fokus

Продолжувам, со мирна совест и одговорност да преговарам за доброто на татковината, напиша шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на својот твитер профил по протестот на плоштадот Синтагма во Атина насловен „Македонија е грчка“. Според Коѕијас рејтинг агенциите вчера добиле демант и упати критики до опозициската Нова демократија.

Се уште нема усогласеност за бројката на луѓе кои учествуваа на вчерашниот протест. Организаторите велат дека демонстрантите се бројат во над еден милион, додека грчката полиција тврди дека на собирот учествувале околу 140.000 луѓе.

Во центарот на Атина, меѓу граѓаните беа и поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, пратеници од опозициската Нова демократија, како и од партијата коалиционен партнер во владата Независни Грци.

Вицепремиерот за европски прашања во македонската Влада, Бујар Османи денеска изјави оти протестите не треба да влијаат на проецот за решавање на прашањето за името.

-Не треба да се потцени и големиот број луѓе кои поддржуваат изнаоѓање решенија и се против тој начин на изразување на незадоволство. Никогаш не сме сметале дека ова е лесно прашање и дека ќе се реши без никакви предизвици на патот. Тоа што е важно е дека имаме влади кои се определени да најдат решение. Тие треба да останат мирни и истрајни во изнаоѓање на решението, независно од предизвиците со кои ќе се соочиме на патот. Сега е време на носење праведни одлуки, а не лесни одлуки – изјави утринава Османи.

Поврзани новости