Комбе влета во пешаци во Барселона

by fokus

Шпанската полиција информираше дека Барселона комбе удрило во толпа пешаци кои се движеле на пешачка зона. Според досегашните информации, неколку луѓе се повредени.

-Во централниот дел на Барселона во огромен судир предизвикан од страна на поединец кој возеше комбе има многу повредени , се наведува во соопштението.

Станува збор за туристичката област Лас Рамблас. Полицијата ја опколи популарната улица со кордон и им нареди на продавниците и блиските метро станици да затворат.

 

Поврзани новости