Ќе се поврзуваат гасоводните системи помеѓу Македонија и Бугарија

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владината делегација во Софија, денеска се сретна со Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија и претставници на Бугарската асоцијација за гас.

Енергетиката е една од важните области за соработка за којашто има интерес од владите на двете земји да ја развиваат. Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката. На средбата, од посебно значење е посочена изградба на нов конектор помеѓу двата гасоводни системa.

На средбата е изразена подготвеност за заеднички проекти за што ќе бидат аплицирани пред ЕУ фондовите.

Премиерот Заев истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво двете земји отвораат „ново златно поглавје“ во меѓусебната соработка.

„Споделувањето заеднички културни вредности е само придобивка, и соработката меѓу Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евро-атлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот“, изјави на брифингот со новинарите премиерот Заев, што помина со огромен медиумски интерес.

Премиерот Заев ја заокружи посетата на Бугарија со средба со претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, којашто исто така ги поддржа реформските процеси и евро-атлантските аспирации на Македонија.

 

Поврзани новости