Каракамишева го изгуби спорот пред Управен суд против премиерот Заев

by Fokus

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Тања Каракамишева Јовановска, го изгуби спорот пред Управниот суд што го поведе против премиерот Зоран Заев, дознава НОВА ТВ од извори во судот.

Каракамишева поднесе тужба против одлука на премиерот Заев донесена на седница на Влада на 11 јули со која таа се разрешува од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Таа поднела и посебен предлог за времена мерка со која барала да остане член на Одборот се до правосилноста на пресудата, поради постоење на јавен интерес и барала да се забрани Владата да врши назначување на нови членови.

Управниот суд минатата недела донел одлука да ја отфрли тужбата.

Поврзани новости