Канческа-Милевска: Во СЈО дојдов со задоволство

by fokus

По три и пол часа распит, министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство.

На излегување таа на новинарските прашања само кратко одговори дека била свикана на распит како сведок, не откривајќи за кој случај.

-Сакам да изразам задоволство на поканата од страна на Специјалното јавно обвинителство каде што имав можност да го потенцирам законското работење на министерството за култура. Сепак, истрагата е од таен карактер, така да јас не сум овластена да давам изјави. За се останато може да се јавите во Специјалното обвинителство, рече Канческа Милевска.

Најверојатно министерката е повикана за проектот „Скопје 2014“, за кој претходно во текот на месецов искази дадоа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и поранешниот министер за култура, Арифхикмет Џемаили.

Поврзани новости