Иванов им дели на младите лекции за морално лидерство

by fokus

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, рече дека најважната лекација која што треба да ја научат учесниците на Школата на млади лидер е како да бидат морални. Иванов од Турција порача дека лидерите без морал се дел од проблемот, а не од решението.

-Можеби најважното нешто што сакаме младите да го научат е лекцијата за моралното лидерство. Стана популарно да се вели дека не е важно дали некој политички или бизнис лидер е морален или не, се додека добро ја извршува работата. Способноста, а не карактерот, е она што е важно. Но, прагматизам без морал води кон краткорочни решенија со долгорочно штетни последици – рече Иванов на свеченото отворање на Светскиот форум на бизнис ангели, што се одржува во Истанбул, Република Турција.

Во своето обраќање на форумот на кој присуствуваат над 1.200 учесници од 70-тина држави, македонскиот претседател говореше за целите и вредностите на Школата за млади лидери, која што е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година, од страна на Светскиот форум на бизнис ангели.

Иванов откри дека идејата за организирање на ваква Школа ја добил кога како професор благодарение на своите студенти стана претседател на Република Македонија и дека истата финансирана од приватниот сектор е пример за јавно-приватно партнерство кое инвестира во општеството и иднината.

Поврзани новости