Истрагата на АКМИСОТ покажа дека судските предмети се делеле на рака

Претседателот на Кривичниот суд се јавувал во судската писарница за да исклучи некој судија за да не му се падне определен предмет, а предмети се делеле на рака, покажала истрагата која за функционирањето АКМИС системот го изврши Министерството за правда.

-Годишниот распоред за 2016 и 2017 година бил менуван често и не е испочитувана процедура. Десет пати е менуван распоредот на судии во Кривичниот суд во овие две години од кои само во септември 2016 година три пати бил менуван распоредот на судиите. . Не се користело автоматско распределување на предметите туку тоа е рачно правено. При увидот е констатирано е дека 860 предмети воопшто не добиле судија. Исклучувањето на судиите се правело без посебна причина, само со телефонско јавување од страна на претседателот на судот во судската писарница, рече министерот за правда, Биљен Салији.

Тој додаде дека на овој начин не се добивал случаен избор на судија, туку намерно се поставувале конкретни судии за одделени предмети.