И ја украла картичката и вадела пари од банкомат

by Fokus

Струмичката полиција поднесе кривична пријава 26-годишната Ц.И. с.Градско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’.

Според информациите од МВР, во текот на 2016 година во маркет во Струмица, додека пријавената била на работа заедно со В.П., таа користејќи згодна прилика ја одзела платежната картичка на В.П. заедно со листот на кој бил напишан пин кодот на картичката, по што во повеќе наврати вршела нелегални трансакции во различни износи на банкомат во Струмица. На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од 92.000 денари.

Поврзани новости