Хан: Потребен е консензус за реформите, ја поздравувам подготвеноста на Владата да работи со опозицијата

by fokus

„Мојата порака е да се сконентрираме на задачите што претстојат. Сите и опозицијата, релевантните инстутуции треба да работат на реформите државата да биде добро место за живеење на сите граѓани“, изјави еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по средбите денеска.

„Ја поздравувам подготвеноста на Владата да работи со опозицијата за прашањата за евроинтеграции и подвлекувам дека за овие реформи потребен е консензус кој ќе се постигне низ институциите“, рече Хан.

Еврокомесарот Хан рече дека е сведок на оптимизмот и новата поволна клима во земјата и, како што рече, му е драго што тоа се случува по сите настани што и се случија на земјата. Тој најави средби со партиите во Собранието и како што рече се надева на конструктивна улога од сите.

Според него, многу е значајно да се исполнат идните реформи и најави дека веќе од утре ќе прстигнат експерти кои ќе помогнат подобро да се спроведат реформите.

Хан ги оцени како позитивни чекори средбите на министерот за надворешни работи во Грција и на премиерот во Бугарија.

Поврзани новости