Груевски: Ќе ги победиме тие што сакаат да и ја скршат кичмата на Македонија

by Фокус

Ќе ги победиме сите оние кои на подмолен начин сакаат да ја скршат кичмата на ВМРО-ДПМНЕ и сакаат со тоа да ја скршат кичмата на Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќање на комитска вечер во организација на партискиот општински комитет во Бутел.

-Некој денеска се мајтапи со нашиот труд, сакајќи да го понижи и да го деградира, а сѐ уште ништо не направил, сѐ уште ништо не изградил, сѐ уште ништо не создал, сѐ уште не решил еден проблем. Ги гледам во овие еден месец само средби со амбасадори, само мотање еден со друг, никакво дело, никакво нешто што ќе му помогне на народот, на граѓаните, што ќе ја однесе земјата напред, само голи ветувања. Драги пријатели во секоја несреќа и среќа, еве им период нека покажат што тие ќе направат за Македонија – рече тој.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш застанувал во одбрана на македонските национални интереси.

 

 

Поврзани новости