Груевски им го цитираше Ганди на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Бидете промената која сакате да ја видите“, со овој цитат на Ганди, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати на кандидатите за градоначалници на опозициската партија на денешната политичка акадамија во хотелот „Мериот“ на тема „Јакнење на демократијата на локално ниво“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија и на институтот „Павел Шатев“, пренесе Мета.

– Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промената која сакате да ја видите“. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно – порача Груевски.

 

Поврзани новости