Груевски ги „пегла“ ставовиве за уставните измени со Брисел

by Фокус

Премиерот Никола Груевски, на денешните средби во Брисел со евромкомесарот за проширување во заминува Штефан Филе и директорот на генералниот диреотират за проширување Кристијан Даниелсон, разговарал за уставните измени во правец на доближување на ставовите меѓу Македонија и Европската унија.

– Навлеговме подлабоко во уставните измени што владата ги предложи и ги отвори за расправа. Објаснивме многу поенти, посебно откако во меѓувреме изанализиравме голем број работи, контактиравме со Венециската комисија. Притоа, имам чувство дека сериозно ги доближуваме позициите со претставниците на Еврокомисијата – истакна Груевски за МИА по средбите.

Тој додаде дека особено внимание се посветило на уставните измени за одредување на бракот и формирањето на финансиски зони.

Поврзани новости