Град Скопје: Ако погрешно ви е блокирана сметката поради данокот, пријавете го проблемот

by fokus

Градот Скопје дендеска преку соопштение порача дека секое физичко или правно лице кое што смета дека погрешно му е блокирана сметката во банка поради данок на имот, може да дојде во просториите на Град Скопје, во бараката со број 16 или на сајтот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk) да пријави проблем, по што службите ќе го разгледаат нивното барање и соодветно ќе одговорат.

Од Град Скопје ја објаснија целата процедура за наплата на данокот на имот и во кој се случај се блокираат сметките на граѓаните:

-Градот Скопје сака да им појасни на граѓаните дека во согласност со законот за даноците на имот, секој даночен обврзник добива решение за плаќање годишен данок на имот и комунална такса фирмарина до 31 март во тековната година. Решението се плаќа на тримесечни рати до крајот на годината или во рок од 15 дена по добивањето на решението. По истекот на годината во која требало да се плати данокот на имот и фирмарината, Град Скопје испраќа опомени за неплатен данок на имот и фирмарина до физичките и правните лица (даночните обврзници). Откако ќе помине рокот во кој требало да се изврши наплата на данокот на имот и фирмарината по доставената опомена, Град Скопје изготвува решение за присилна наплата до физичките и правните лица (даночните обврзници), а доколку по решението за присилна наплата не е извршена уплата на даночната обврска се изготвува решение за блокада на сметка по банките.

Поврзани новости