ВМРО-ДПМНЕ: Пораснаа трошоците за живот благодарение на СДСМ

by fokus

Покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на ДЗС за индексите на трошоците на живот и цените на мало, во јануари 2018 трошоците за живот пораснале за 1,1% во споредба со јануари 2017 година, а малопродажните цени бележат пораст за 2.3%. Домаќинствата во Република Македонија благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3.5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата.

Поврзани новости