Германија назначи нов амбасадор во Македонија

by fokus

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Норберт Герберих, соопштуваат од Министерството.

„Во таа прилика, Димитров изрази благодарност за важната и конструктивна поддршка на СР Германија за европската и евроатланската перспектива на Македонија и регионот, изразена, меѓу другото, преку Берлинскиот процес. Амбасадорот Герберих изрази задоволство што во наредниот период ќе ја води германската Амбасада во пријателска Македонија, пренесувајќи ги притоа пораките на охрабрување од официјален Берлин за политиките и активностите на новата македонска Влада, како во делот на амбициозната реформска агенда, така и во контекст на новиот позитивен пристап во односите со соседите“, велат од МНР.

Во соопштението се наведува дека претстои посета на Димитров во Берлин, каде ќе се сретне со својот германски колега, Зигрман Габриел.

Поврзани новости