397
Екипата на „Фокус“ успеа да направи фотографии од луксузниот кабинет на директорката на скопската Клиника за Гинекологија, што беше опремен пред четири години од страна на поранешната директорка Марија Хаџи-Лега.
За време на нејзиното „владеење“, клиниката ја следеа низа скандали, меѓу кои беше и опремувањето на нејзиниот директорски кабинет со мебел од италијанската фирма „Каза Италија“, во вредност од речиси 20.000 евра. Целиот кабинет е во зелена боја со бел кожен мебел. Сите овие податоци се јавни и беа објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.