ФОТО На распит шестмината пратеници кои останаа без имунитет

by fokus

Шестмината пратеници кои останаа без имунитет како осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок, денеска се појавија во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка. По распитот судот треба да одлучи дали на пратениците ќе им биде определена мерка притвор.

Пратеникот Крсто Муковски, пред влезот во судот во кратка изјава за медиумите рече дека нема основ за притвор, но дека остава на судот да го каже последниот збор.

Во судот пристигнаа и Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски. Пратениците беа пречекани од свои колеги и сопартијци кои се собраа пред судот за да им изразат поддршка.

Фото: МИА

Поврзани новости