788
Екипата на „Фокус“ пред неколку дена ја посети скопската Клиника за Гинекологија, каде за првпат ни беше дозволено да направиме фотографии од сите одделенија во болницата. Од тоа што можевме да го забележиме, на Одделението за интензивна нега каде што се сместени најкритичните случаи на бебиња во инкубатори условите се катастрофални.
Новата зграда на клиниката беше отворена пред шест години, неколку дена пред предвремените парламентарни избори во 2011 година. Според изјавата на директорката Викторија Јовановска, зградата се уште нема технички прием, родилните кревети се валкани и испокинати, a смртноста на бебињата продолжува да се зголемува, па така за само осум месеци починале 127 новороденчиња.
И.М.