Стотици повредени на референдумот за независност на Каталонија

by Фокус

Триста триесет и седум луѓе се повредени во судирот на полицијата што ја испрати официјален Мадрид со граѓаните на Каталонија кои денеска излегоа да гласаат на референдум за независност, информираа од каталонската влада.

Инаку, полицијата употреби гумени куршуми во главниот град на Каталонија – Барселона, каде ги нападна гласачките места и ги спречи граѓаните да се доближат до местата за гласање, а на многу места ги одзема и материјалите за гласање.

И покрај овој силен одговор на централната влада од Мадрид која го прогласи референдумот за нелегален, граѓаните со часови чекаат да гласаат на гласачките места кои полицијата не успеа да ги заземе.

Шпанската влада, пак, побара од каталонскиот лидер да го прекине референдумот за независност, истакнувајќи дека биле принудени да направат нешто што не сакаат.

Поврзани новости