Каде завршиле 200 илјади евра од сметката на „Јадран филм“?

by fokus

„Фокус“ успеа да обезбеди извод од банкарската сметка на „Јадран филм“ со датум 21 декември 2016, или еден месец откако парите биле трансферирани кај хрватската продукција за да ја сними првата сезона од историската серија „Македонија“.

Според изводот, тој ден, потписникот на сметката на „Јадран филм“ извршил откуп на евра од парите наменети за играната серија. Прво биле откупени пет илјади евра, а потоа наеднаш 200 илјади евра.

Со тоа, во декември лани на сметката останале помалку од 900 илјади евра.

Каде завршиле парите, извлечените евра, но и оние кои останале на сметката, а кои подоцна ги снемало, ќе истражат Јавното обвинителство и Финансиската полиција

Пишува
Љубиша АРСИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”