Како Македонската контрола на летање сакала да се осигури на 1,4 милијарди евра за две години?

by fokus

Речиси два месеци, Македонска навигација нема осигурување, откако претходно е поништен тендерот со образложение дека тендерската документација содржела пропусти и неправилности.

Најголемите проблеми настануваат откако во јавноста излегува сумата предвидена за осигурување, која изнесува 700 милиони евра на годишно ниво, но со оглед на тоа што договорот се потпишува на две години, сумата достигнува 1,4 милијарди евра!

Надзорниот одбор во М-НАВ АД Скопје не дава зелено светло за тендерот, тврдејќи дека сумата од 700 милиони евра е превисока и нереална на пазарот за осигурување.

Тоа го тврдат и дел од експертите во оваа област, според кои, повеќето осигурителни компании воопшто не би се нафатиле затоа што ризикот е преголем и ретко која светска компанија би се нафатила на реосигурување

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”