Да не беше висока политика „Скопје 2014“ ќе беше за на психијатрија

by Фокус

Борис Дежуловиќ ни призна дека не знаел оти во Македонија има толку публика и дека неговите колумни и коментари се читани.

Тој е хрватски новинар и писател, кој два дена гостуваше во Македонија како член на жирито за новинарската награда „Жан Моне“, која ја доделува Европската делегација во Скопје.

Освен што доделуваше награди, тој имаше предавање пред студентите по новинарство, а искористи можност да ја промовира книгата „Во потрага по загубеното време“.

Некаде меѓу обврските и слободните активности, ексклузивно за „Фокус“ зборуваше за узурпацијата на новинарството, искривувањето на вистината и за погрешниот правец на државите водени од националисти.

Инаку, последните три години живее во село кај Сплит, прави вино, ракија и маслиново масло.

Не испушта да лови риба.

Слободното време го користи за пишување

Разговараше
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”