Абдулменаф Беџети ѝ припаѓа на најстарата генерација на албански политичари, која во почетните години на македонската независност гравитираа околу првата албанска партија – ПДП.
Тој беше министер за транспорт и врски во владата на СДСМ до 1998 година, додека по победата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде лидерската палка на партијата. Со текот на времето, Партијата за демократски просперитет го изгуби компасот меѓу ДПА и ДУИ и стана декор на политичката сцена, а Беџети постепено се повлекуваше од политиката за да ѝ се посвети на науката.
Моментално, тој е професор на Штуловиот универзитет и член на МАНУ, а во јавноста е препознатлив како еден од најголемите експерти за јавни финансии. Тој остана познат и како човек, кој во 2011 година се повлече од пописната комисија, меѓу првите најавувајќи ја пропаста на оваа операција.
Во интервју за „Фокус“, Беџети вели дека одамна не е во политиката, но поддржувал политички промени, кои, според него, ќе ги обезбеди албанскиот фактор доколку на претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освојат приближен број гласови
Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”