Фајненшл Тајмс: ЕУ спрема санкции за македонски политичари

by Фокус

Европската Унија е подготвена да воведе санкции кон врните политичари во Македонија.

Министрите за надворешни работи на ЕУ веќе расправале за санкционирање на политичарите што го блокираат решавањето на кризата.Ова денеска го објави „Фајненшел Тајмс” повикувајќи се на висок функционер на ЕУ инволвиран во процесот во Македонија.

Санкциите предвидуваат забрана за патување, како и замрзнување на сметките и имотите, пишува весникот.

Освен тоа, ЕУ ќе ја замрзне и европската перспектива на Македонија најдиректно, одземајќи ја препораката за преговори и ќе ги повлече поканите за нашиот државен врв за учество на самитите на НАТО во Варшава и на Западен Балкан во Париз.

Одлуката за воведување санкции се уште не е донесена, изјавил функционерот за весникот и потенцира дека за да се спречи мора да се повлече амнестијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов и да се направат клучните реформи.

 За воведување на санкциите ќе треба да се изјаснат едногласно сите земји членки на ЕУ.

Поврзани новости