ВМРО-ДПМНЕ поднесе рекордни 35.000 амандмани за законот за јазици

by fokus

Рекордни 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пишува „24вести“.

Службите на Собранието работат со полна пареа, а дел од опозициските пратеници се во собраниската архива каде на лице место ги потпишуваат амандманите.

Седницата на која ќе се разгледува законот во трето читање е закажана за во понеделник.

Според процедурата, секој амандман може да се образложи три минути. Мнозинството најавува дека ќе се групираат, но и дека ќе бараат начин да ја ограничат процедурата.

 

Поврзани новости