Еден убиен во Германија, полицијата го бара напаѓачот

by fokus

Еден човек е убиен, а уште еден повреден во напад со нож во германскиот град Вупертал, информираше германската полиција.

Во моментов има потрага по напаѓачот, а полициските специјални единици се на местото на настанот.

Нападот наводно се случил во фризерски салон. За убиениот се смета дека е маж на возраст од 31 година, а другото лице кое е повредено најверојатно е на возраст од 25 години.

Поврзани новости