Дурловски и Доцевска излегуваат од затворот во Шутка, судот им одреди куќен притвор

by fokus

На пратеничката Жаклина Пешевска и се укинува куќниот притвор и мерката се заменува со мерки за претпазливост, а на Игор Дурловски, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“ и на вработената во Собранието на Македонија, Елена Доцевска – Божиновска мерката притвор се заменува со куќен притвор. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги прифати барањата на Основното јавно обвинителство.

Советот исто така постапуваше по барање на Обвинителството и на други 21 осомничен за настаните во Собранието, им го продолжи притворот за 30 дена. А продолжена им е мерката и на тие што се во куќен притвор им е притвор. Меѓу осомничените кои се во притвор, односно куќен притвор се и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и водачите на протестите „ За заедничка Македонија“.

Поврзани новости