ДУИ и подаде рака на ДПА после инцидентот во Собрание

by Фокус

Партијата на  Али Ахмети денеска ја подаде раката кон ДПА, за да му се стави крај на конфликтот меѓу пратениците што пред неколку дена физички се пресметаа во Собрание, на Комисијата за финансирање и буџет. Според Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, тие што го потикнале инцидентот и биле вклучени во него треба да седнат и да преговараат за конструктивен дијалог.

Тој истакна дека Тачи нема право да го обвинува Ахмети за тепачката, бидејќи Албанците многу добро знаат кој е виновен.

– Лидерот на партијата Али Ахмети не беше дел од инцидентот, за да го кани Тачи на средби. ДУИ веќе поднесе барање за формирање на анкетна комисија за да го истражи инцидентот и да понуди решенија. Но, комисијата не мора да биде приоритет, доколку инволвираните пратеници во инцидентот  си подадат рака. Тогаш нема потреба од анкетна комисија, а ние ќе се извиниме за тоа што се случи – рече Груби.

Поврзани новости