Директорот на ЕЛЕМ ќе ја почитува владината одлука за запирање на тендерот

by fokus

„Ќе ја почитувам владината одлука за запирање на тендерот за набавка на механизација, но не е вистина дека имало злоупотреба и финансиска проневера“, изјави генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски.

Мицковски, како што изјави, смета дека владината одлука е нејасна и може да ја стопира постапката која е веќе во тек за избор на фирма за набавка на механизација.

Владата синоќа одлучи да го поништи тендерот на ЕЛЕМ за набавка на механизација поради сомневања за злоупотреби при распишувањето. Оценето е дека тендерот за ископ на јаловина во вредност од 34 милиони евра има сериозни пропусти, како и фаворизирање на фирми.

Поврзани новости