Димитров и Коѕијас вечераат во ресторанот на Аки од Тетово

by fokus

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас вечерва се на вечера во познатиот виенски ресторан „Соле“, пред утрешната заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц, објави порталот Сакам да кажам. Ресторанот е сопственост на Аки Нуредини, познат виенчанец родум од Камењане, Тетовско.

Ресторанот на Аки во близина на Операта во Виена е неформално место за дружење на светските оперски ѕвезди и на виенскиот џет сет, како и на австриски политичари и дипломати. Самиот Нуредини пак во Виена е познат како неформален амбасадор на Македонија бидејќи неговиот ресторан е сврталиште на македонски политичари, бизнисмени, уметници и добронамерници кои го посетуваат австрискиот главен град.

Поврзани новости