ДИК: Победа на СДСМ, но бројот на пратеници останува ист, 51 за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ

by fokus

И Државната изборна комисија (ДИК) ја потврди победета на СДСМ во Теарце. Објавија дека на прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа.

Но, прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце не го смени прелиминарниот резултат од предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. Денеска коалицијата на СДСМ не успеа да собере доволен број на дополнителни гласови за да може да освои уште едно пратеничко место на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

Па така, ВМРО-ДПМНЕ останува со 51 пратеник, а СДСМ со 49.

Поврзани новости