ДИК одлучува за последниот приговор на СДСМ

by fokus

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по последниот приговор поднесен од Социјалдемократскиот сојуз. Иако беше најавено дека ќе почне во 11 часот, почетокот на седницата до сега доцни час и половина.

Инаку, ДИК вчера одби пет приговори на СДСМ, а два ги повлекоа од партијата.

До сега, од вкупно 16 поднесени приговори до ДИК, прифатен е само еден приговор на  партијата БЕСА. Членовите на ДИК го прифатија приговорот, откако графолошкото вештачење покажа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно во нејзино име гласал некој друг. ДИК донесе одлука за прегласување во гласачкото место во Гостивар.

Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради можноста од прераспределба на мандатите, ВМРО-ДПМНЕ организира протести пред ДИК. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вчеравечер ги предупреди амбасадорите на САД и ЕУ дека овие одлуки на ДИК нема да ги прифатат. На прашањето што ќе направи паритијата во спротивно, Груевски рекол оти не може да го контролира „револтот кај граѓаните” и дека не може да гарантира оти ситуацијата нема да излезе од контрола.

Поврзани новости