Џафери до Илија Димовски: Знам дека имате желба да бидете претседател на Собрание

by Fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски од собраниската говорница истакна дека пратениците од парламентарното мнозинство не прифаќаат ништо што ќе предложи опозицијата.

– Треба како посебна точка на дневен ред да се стави договорот со Бугарија, за да имаат можност пратениците да дебатираат за тоа. Цело време се крие што има во договорот, а сите ние тука, а и граѓаните имаат право да знаат – истакна Димовски.

На тоа му возврати собранискиот спикер Талат Џафери.

– Јас мислам дека се обративте до пратеникот Талат Џафери и дека имате желба да го преземете местото претседател на Собранието, ама тука мора да има ред. Деловникот за работа на Собранието е јасен и тоа мора да се почитува – истакна Џафери.

Поврзани новости