На ургентното одделение во Клинички центар синоќа лекарска помош побарале девет лица со повреди од куче по нападот врз случајни минувачи што се случи во Аеродром. Од Ургентно велат дека нема посериозни повреди и дека сите каснати од кучето се пуштени на домашно лекување.
Од полицијата претходно соопштија дека со повреди се здобиле шест лица, откако куче скитник нападнало деца. Две жени биле искасани од кучето додека се обидувале да им помогнат на децата.
Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ.
На АСНОМ исто така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе. Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.