Дејан Докиќ нов директор на Пулмологија

by fokus

Клиника за пулмологија и алергологија доби нов директор, а тоа е Дејан Докиќ. Како што претходно објави „Фокус“, нова директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е Софија Пејкова.

Ова се нови кадровски смени, чии решенија штотуку ги потпиша министерот за здравство Арбен Таравари.

За директор на Клиника за торакална и васкуларна хирургија е назначен Неџати Јакупи, со Клиниката за уво, нос и грло ќе раководи Јане Нетковски. Во болница во Гостивар нов директор е Гојарт Сулејмани, а во Здравствениот дом во Штип назначена е Снежана Трајковска.

Поврзани новости