Борисов: Без директиви постигнавме договор

by fokus

Можевме да не го потпишеме договорот, со години наназад не го потпишувавме, вака премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, го започна своето обраќање во Владата на Република Македонија по потпишување на Договорот за добрососедство, соработка и пријателство.

Без директиви постигнавме договор, мирот и добрососедството се поважни од се друго, посочи тој.

„ Нашите тимови работеа неколку месеци активно за да имаме потпишување на договор со толку убаво име – добросоедство. Двата меморандуми се исклучително важни и за вас и за нас бидејќи транспортниот коридор број 8 е врската која што го поврзува целиот Балкан. Овој трнспортен коридор овозможва излез не само на север и југ туку и спојување на секоја друга земја од Балканот да соработува со друга држава“, рече Борисов.

Договорот и покажува на Европската унија дека е возможен мир на Балканот, рече тој.

„Овој дговор има смисла бидејќи на ЕУ и покажува дека на немирниот Балкан каде пред само 20 години имаше толкаво крвопролевање и ужаси врз десетици илјади луѓе, сега ќе ја видите реакцијата која ќе биде позитивна. За десет години резултати од денешната средба ќе бидат видливи за двете држави“, додаде тој.

Поврзани новости