Билд се сретнал и со Груевски, кој му ги кажал „приоритетите на Македонија“

by fokus

Шведскиот дипломат Карл Билд ја заврши својата посета на земјава со средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дознава Мета, истакнувајќи дека од партијата не откриваат повеќе датали за средбата.

На прашање на агенцијата, дали ќе има соопштение за средбата, од партијата рекле дека нема да има и ја испратиле следнава порака:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членовите на раководството на партијата ги прими претставниците на невладината организација Европски совет за надворешна политика, предводена од Карл Билд. На средбата тој ги соопшти приоритетите на Република Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, кои и се добро познати на јавноста“.

Поврзани новости